Кај Елена Велевска голотијата е во прогрес, овој пат „пиштол гола“ или само топлес? (ФОТО)

30 јуни, 2021
velessska

 Македонската фолкерка Елена Велевска е една од оние дами која покрај вокалот и тоа како умее да измами воздишки и епитети и со своите телесни квалитети. Гордо пркосејќи им и на годините и на проблемите и сите животни предизвици, атрактивната пејачка знае како да го сподели сиот свој сексапил и тоа со стил.

Особено кога е во прашање летото, каде енормно високите температури и жештината дозволуваат убавиците како неа да бидат оскудно облечени или можеби сосема соблечени?

Имено, пред неколку дена Велевска веќе ја зовре температурата на социјалните мрежи кога сподели провокативна фотографија на која лежи на бела софа среде базен, па додека го црнее својот тен од под горниот дел на костимот за капење остави навидум нешто да ѕирка? Или сосема излегло на виделина,  на прв поглед ставајќи ја пејачката надвор од дискреција, а јавноста во дилема:  Дали тоа Елена Велевска  на сликата е „топлес“ или  позата е прашање на погрешна перцепција?

И додека јавноста нагаѓаше што е  во посреди, фолк сирената своите обожавателите и следбеници на социјалните мрежи одново ги наежи… Овој пат поцело тело, зашто она што го сподели е повеќе од смело!

Имено, откако пејачката најпрвин го поздрави летото со : „Здраво лето, те чекав“, овој пат не чекаше ни миг за да го покаже сиот свој телесен раскош! Велевска на својот Инстаграм сподели глетка што го одзема здивот, ама затоа го крева адреналинот до облаците…

Најпрвин малку еротска игра за сите сетила во различни пози, превртувајќи се и прпелкајќи на истата онаа бела софа на вода, а пота глетка која ќе ви го разубави денот: Елена како од мајка родена во базенот!?

Или можеби не до толку, туку во прашање е само уште една „секси фатаморгана“ од раскошната фолк дама?

Како и да е, пејачката на своите обожаватели и следбеници им приреди „пријатно изненадување“, но им постави и нова загатка за размислување, иако едно е сигурно: Кај Елена Велевска голотијата е во прогрес… Прашање е само дали овој пат е „пиштол гола“ или само топлес?

Преземено од vistina.com.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi