„Како ја запознав мајка ти“ добива спин-оф верзија „Како го запознав татко ти“: Прва слика од снимањето (ФОТО)

18 август, 2021
profimedia-0097401443-830x0

Засега ќе има 10 епизоди што ќе се емитуваат на платформата Хулу

Серијата „How I Met Your Mother“ (Како ја запознав мајка ти) ја доби својата спин-оф верзија наречена „How I Met Your Father“ (Како го запознав татко ти). Како што е познато, платформата Хулу нарача 10 епизоди од оваа реализација. Главниот лик во серијата „Како го запознав татко ти“ е Софи, играна од едно добро познато име.

Тоа е Хилари Даф. Познатата актерка објави фотографија со тимот од серијата на својот Instagram профил.

– Кој е подготвен за нас ??? Можеби седевме или не седевме пред нечиј стан – напиша Хилари Даф и така ја најави серијата во која глуми.

Покрај славната актерка, во овој филм играат и Том Ејнсли (Чарли), Крис Ловел (Џеси), Франсија Раиса (Валентина), Сурај Шарма (Сид), Тин Тран (Елен) и Брендон Мајкл Хол (Иан).

Во серијата „Како го запознав татко ти“, Софи (Хилари Даф) и нејзината блиска група пријатели размислуваат за тоа кои се, што сакаат од животот и како да се заљубат во времето на забавните апликации и неограничени можности.

Не е познато кога ќе се емитува оваа реализација, а според сајтот IMDB.com, таа е во пост-продукција.

Еве ја фотографијата објавена од Хилари Даф: