‘КАКОВ АВИОН Е ЖЕНАВА!’ Карлеуша се соблече во костим за капење поради што нема ни да сфатите дека седи во автомобил поскап од се што имате

30 март, 2021
Snimka-zaslona-2021-03-30-091332

Судејќи според нејзините комбинации, летото веќе дојде. Барем таму каде што е таа…

Јелена Карлеуша го запали Дубаи, а потоа реши да го запали и нејзиниот Инстаграм. Во неколку најави, српската sвезда успеа да ја зоврие крвта на своите обожаватели фотографирајќи се во златен костим за капење со многу ризичен крој. Панделки, ремени во злато, сјаен материјал, секако се нешто што малкумина ќе се осмелат да го облечат, но Јелена тоа го направи маестрално.

На неколку слики таа позира покрај скап автомобил, а во еден кадар оди покрај морето како пистата да е создадена токму за неа.

Инаку, Јелена беше мета на голем дел од јавноста во последните неколку недели поради драмата поврзана со една натпреварувачка на Звездите на Гранд, која Јелена гласно ја критикуваше, а која потоа беше дисквалификувана. Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од одлуката за продукцијата по барање на Карлеуша, откако на социјалните мрежи сподели навредувачки пораки кон Јелена. Карлеуша по објавите и изјавите за медиумите најави дека ќе поднесе кривична пријава против Вања, бидејќи се чувствува загрозено.