Калиопи доби мало изненадување од Елена Ристеска кое ја остави со подотворена уста: „Се гордеам со тебе“

19 мај, 2021
elena kaliopi

Пејачката Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави на пауза, односно моментално е посветена на својата линија „Еra cosmetics“.

Имено, пејачката пред две години започна нов бизнис, односно лансираше парфем, а од неодамна и гел за туширање.

Пејачката е актвина на социјалните мрежи преку кои често го рекламира својот производ, открива што има ново, ги споделува своите успеси и новитети.

Во јули претходната година, Елена на своите колеги од естрада им испрати подароци односно парфеми, а тие беа воодушевени од она што го добија.

Деновиве, пак Ристеска одлучи да ја израдува својата колешка, поп дивата Калиопи Букле.

Така, пејачката на пејачката и испрати колекција од својот парфем, а Опи се израдува на изненадувањето, па јавно и се заблагодари.

„Колку прекрасно изненадување од мојата многу драга колешка“, напиша пејачката во „Инстаграм стори“.

„Ти благодарам тебе мило девојче, ти посакувам успеси. Се гордеам со тебе“, додава Калиопи во друга објава.

Ристеска не остана должна, па и се заблагодари на Букле.

„Мислев дека ќе се видиме, па лично да ти го подарам, ама како тргна годинава не се видовме…Ти благодарам Опи за објавата и за поддршката..Те сакам“, напиша Ристеска.

Преземено од vistina.com.mk