Калиопи „се стопи“ кога виде кој дојде да и пее под пенџере: „Каква радост, каков благослов“ (ВИДЕО)

15 март, 2021
kaliopi se stopi

Македонската јавност, а и српската е добро запознаена со блиското пријателство на нашата Калиопи со српската пејачка Милица Тодоровиќ.

Но, никој, па ни таа самата не очекуваше дека Милица ќе дојде во Скопје и ќе и направи големо изненадување на Калиопи.

Имено, Милица штом пристигнала  во Скопје,  веднаш отишла под балоконот на Калиопи и и’ ја запеала омилената песна. Од видеото подолу може да се забележи нејзината среќа, зашто Калиопи 2се стопи“ и беше трогната кога виде кој дошол да и пее под пенџере.

Калиопи овој момент го сподели на својот Инстаграм каде напиша:


„Знаете дека јас секогаш го делам со вас и најмалот слатко „лудило“ во мојот свет … Но, таа е повеќе од тоа … Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување … Тивко, без мое знаење , таа дојде во мојот град и како најголем трубадур ме покани на балконот со песна, која многу ја сакам и го врзува нашето пријателство … Каква радост, каков благослов. Те сакам девојче! Ти си единствена, убав подарок за овој свет …. Толку сум горда на тебе “…!  – напиша Калиопи.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi