Камерите на Оскарите го уловија Бред Пит во момент на слабост, а заради ова видео тој им стана уште подраг на жените!

28 април, 2021
0_0 (1)

Бред Пит беше снимен со насолзени очи за време на победничкиот говор на најдобрата споредна актерка за оваа година, Јун Јух-Џунг.

Миленикот на жените Бред Пит (57) го бранеше својот ласкав статус кој го носи со години и на овогодинешните Оскари.

Актерот се појави на церемонијата како презентер во категоријата најдобра споредна женска улога, која ја освои корејската актерка Јун Јух-Џунг (73). Поради косата што ја врза во репче, неговите фотографии од наградите брзо ги преплавија социјалните мрежи, а поголемиот дел од фановите го одобруваа новиот изглед на актерот.

Yuh-Jung Youn and Brad Pitt Share Hilarious Onstage Moment at 2021 Oscars |  Entertainment Tonight

Но, тој доби многу повеќе јавни симпатии откако социјалните мрежи беа преплавени со видеото од доделувањето на наградите објавено од People, во кое Пит со солзи го слуша говорот на најдобрата споредна актерка за оваа година, која заводливо му рече за време на Оскарите: „Г. Пит, конечно се среќаваме. Драго ми е“.

Пит ѝ аплаудираше по говорот и, како вистински џентлмен, ја фати за рака и ја придружуваше зад сцената, и се чинеше дека оскаровката не му замерува за лошото изговарање на нејзиното име за време на доделувањето.

Brad Pitt's man bun causes a stir at Oscars 2021