Канје со месеци живее во соблекувална на стадион! Неговата импровизирана просторија потсетува на затворска ќелија! (ФОТО)

28 јули, 2021
Screenshot_1

Раскина со Ким Кардашијан, а сега има нови планови

Раперот и дизајнер Канје Вест не престанува да ја шокира јавноста и неговите фанови. Секојдневно изненадува сѐ повеќе, а новиот потег на славниот рапер буквално остава без текст.

Така, сега се појавија информации дека додека работел на неговиот нов, десетти студиски албум „ Donda “, тој живеел на стадион во Атланта, Џорџија, каде пред неколку дена се одржа забава за преслушување на новиот албум.

Тој сѐ уште живее на споменатиот стадион, каде што една од соблекувалните му е претворена во соба. Причината за тој неочекуван потег е фактот што го одложи објавувањето на албумот за 6 август.

Оваа вест ја потврди самиот рапер, кој на својот профил на Instagram објави фотографија од соблекувалната, која беше претворена во негова спална соба. Во неа, Вест има свој кревет, најосновна гардероба и неколку пара чевли од неговата колекција „Yeezy“.

escort - Korsan taksi