Канје тајно се гледа со една од најубавите жени во Светот

30 мај, 2021
h_56196754-1-725x493

Последните неколку дена на Интернет кружат гласини дека Канје Вест ја преболел Ким Кардашијан и дека сега се гледа со манекенката Ирина Шајк.

Веста беше објавена на Instagram од страна на страница која се занимава со озборувања „ Deuxmoi “ и често е во право.

„Канје Вест тајно излегува со Ирина Шајк, мајката на детето на Бредли Купер“, стои во нивното соопштение, додавајќи дека не се сигурни дека „излегувањето“ е добар опис на нивната врска, но дека постои заеднички интерес.

Канје и Ирина соработувале повеќе пати во минатото. Во 2010 година, Шајк се појави во спотот за песната на Вест „ Power “ во улога на златен ангел. Се чини дека тогаш оставила впечаток на раперот, бидејќи тој ја спомнал во текстот на неговата песна „Christian Dior Denim Flow“.

escort - Korsan taksi