Какви пикантерии ќе открие документарецот на Канје Вест кој самиот им го продаде на Нетфликс за милиони долари?!

Риалити sвездата Ким Кардашијан (40) по седум години брак поднесе барање за развод од раперот Канје Вест (43).
Канје не чекаше долго, но веднаш започна со нови деловни потфати.
Канје ќе ја раскаже својата приказна во новиот документарец кој беше „снимен на 21 година“ затоа што содржи досега невидени снимки од раната кариера и приватниот живот на раперот.

Во вторникот, Billboard.com објави дека Нетфликс потрошил повеќе од 30 милиони долари за да купи документарец составен од соработниците на Канје, Кларенс ‘Коди’ Симонс (50) и Чајк Оза (43), што ќе ги вклучи раните години на кариерата на раперот во Чикаго, смртта на неговата мајка Донде Вест, кариера во модната индустрија и неговата претседателска кандидатура во 2020 година.
Не е познато дали ќе содржи и детали за неговиот нервен слом во 2016 година, за кој беше хоспитализиран во Лос Анџелес некое време, како и детали за разводот низ кој минува во моментов.

Досега неименуваниот документарец треба да биде прикажан премиерно на Нетфликс подоцна оваа година.
Минатиот месец, Блумберг процени дека Канје е „тежок“ околу 6,6 милијарди долари, првенствено заснован на неговиот огромно успешен бренд Yeezy вреден помеѓу 3,2 и 4,7 милијарди долари. Раперот има и 122 милиони долари во готовина и акции, а од музиката заработи околу 110 милиони долари.

Покрај тоа, Канје има 17 милиони долари други средства, вклучувајќи значителен удел во акциите на линијата за облека на поранешната сопруга Ким.
Таа во вторникот и официјално се приклучи на клубот на милијардери, благодарение на успехот на нејзините брендови KKW Beauty and Skims.