Кардашијан сѐуште не се ни развела од Канје, а веќе е запросена: Вакво запросување е тешко да се одбие

21 мај, 2021
kim-kardasijan-2-830x0

Најпознатата ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) добила предлог за брак на билборд среде Лос Анџелес од актерот Шираз Хасан, што насмеа многу минувачи.

Имено, на Булеварот Сансет во Лос Анџелес се појави огромен билборд, на кој се гледа сликата на Хасан подолу на која пишува:

„Ким Кардашијан, ожени се со мене“, се пошегува Хасан.

Откако случајните минувачи се запрашаа за што станува збор, подоцна сфатија дека господинот Хасан само се обидува добро да ги рекламира своите часови под името „Fame Masterclass by Sheeraz“.

Имено, неговите часови содржат 10 часови преку Интернет за луѓе и брендови кои сакаат да станат славни.

Тој е познат по соработката со многу познати личности, па дури и со Ким лично.

Фановите велат дека Хасан изгледа сериозен во намерата да се ожени со Ким, со оглед на тоа што таа во моментов се разведува од раперот Канје Вест (43).

По овој повод, Хасан за медиумите изјави:

  • Секој милијардер, секој милионер, секој политичар, секој принц или крал … Секој човек сака да се ожени со Ким – изјави тој за медиумите.