Карди Би, поради малтретирање на училиште, ги оперирала градите и задникот: „Сè во Бронкс се врти околу тоа…“

24 февруари, 2021
kardi-bi-1-830x0

Си бев грда сама на себе“, објасни Карди Би поради што направи естетски операции

Американската пејачка и раперка Карди Би (28) неодамна ги призна сите козметички операции кои ги извршила со цел да ја врати самодовербата што ѝ била нарушена во тинејџерските денови.

Имено, Карди рече дека морала да „оди под нож“ затоа што нејзините врсници ја малтретирале со години поради физичкиот изглед.

Таа реши да смени сè што мислеше дека ѝ недостасува штом се прослави. Во минатото била малтретирана бидејќи немала облини додека растела, поради што се чувствувала грдо и неразвиено.

Пејачката сакаше да стави крај на злобните јазици и да ги поправи оние делови од телото со кои не беше задоволна.

– Бев многу слаба кога бев помлада, а во Бронкс сè се врти околу тоа да има тесен струк и голем задник. Момците ми рекоа дека имам рамен задник, дека воопшто го немам и поради тоа се чувствував лошо и си бев грда сама на себе – објасни таа.

Кога имала 18 години, Карди стана танчерка и имала доволно пари да ги зголеми градите, така што секоја несигурност околу нејзиното деколте исчезнала.

– Кога наполнив 20 години, работев во стриптиз-клуб, и таму мораше да имаш голем задник. Тогаш не бев сигурна околу тоа. Тоа ме врати во средно училиште. Затоа, направив задник и бев многу сигурна во себе – вели.

Сега таа вели дека е задоволна од својот изглед, но сепак има период кога е несигурна во себе.

„Срамежлива сум и мислам дека нема да помине“, вели таа.

Да потсетиме, вистинското име на Карди Б е Белкалис Марленис Алманзар, а пред две години роди девојче Култура, која ја доби со сопругот Офсет. Неодамна се шпекулираше дека парот се разведува, но изгледа дека ги решиле своите проблеми и го задржале семејството заедно.