Каролина Гочева поради корона ситуацијата порача: “Денов, месецов, годинава…“

23 април, 2021
karolina korona

Пејачката Каролина Гочева се пожали дека ситуацијата со коронавирусот е веќе неиздржлива. Сосема ја разбираме, бидејќи и таа, како и нејзините колеги, веќе цела година никаде не настапува, не пее, а со тоа ниту заработува.

Финансиската криза сериозно ја тресе естрадата насекаде низ светот, многумина од музичарите се пред банкрот или добиваат парична помош од својата држава. И никој не знае како естрадата ќе функционира после пандемијата, доколку сите не бидат вакцинирани, а само така и ќе им биде дозволено да бидат присутни на концерти на своите естрадни идоли.

Популарната поп-пејачка на својот инстаграм-профил по тој повод симболично напиша:
„Денов, месецов, годинава…“ алудирајќи на ова време-невреме во кое се најде светот.

Каролина која не е научена да седи дома, нели поради природата на нејзината работа да пее во живо пред преполни сали, да патува од концерт на концерт, од турнеја на турнеја, да се дружи во живо со фановите, тешко го преживува карантинот.
Но во сè ова има и една позитивна работа, а таа е дека сега како никогаш порано најде доволно време да е во родната Битола со своите дома, сестрата, внуката, мама, тато, а се разбира и во Скопје со сопругот.

Ние би кажале, дека затоа и не е сè така црно, треба само многу трпение. Короната ќе помине еден ден, само здравје нека е!  

Преземено од vecer.press

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris