Катарина Ивановска е „кучка“… или само B.I.T.C.H.? (ФОТО)

4 јуни, 2021
kata

Катарина Ивановска сите ја знаеме како македонски топ модел, манекенка со светска слава… Или барем една од ретките наши убавици што донекаде успеала надвор. Убава, згодна, атрактивна, онаква, какви што врвните модели и треба да бидат.

Македонско девојчe кое и откако по вторпат стана мајка, ја задржа својата фигура и продолжи да се занимава со професијата која оддамна е нејзина примарна определба.

Сепак, за манекенките и моделиоте понекогаш владее мислењето дека убавината им е врвна, ама затоа пак интилигенцијата не им е посилна страна. Дека на убавиците од модната писта и рекламите физикусот им е толку силно оружје, што останатите „потенцијали“  не мораат, аи не ги употребуваат, зашто најчесто им се… „закржлавени“? Се разбира во секое правило, ако воопшто и е, постојат и исклучоци… Некои велат за да го потврдат правилото, други пак, за да го демантираат кажаното!

Како и да е, сигурно е дека убавите жени и не мора баш нешто многу да се трудат, зашто веќе на прва освојуваат, маѓепсувајќи со својата убавина, изглед, атрактивност, сексапил…  држејќи се до златното правило дека: „Нема втора шанса, за прв впечаток“!

Но животот не е еден миг, иако само еден миг може животот и да ти го смени, па кога првиот бран на опчинетост ќе помине,  „по блиц крикот“ на фасцинација останува ли простор за понатамошна доминација? Што е тоа што една толку убава жена треба да го поседува, кои се’ карактерни компоненти,  за да не остане само на првичните комплименти?

Епа, токму Катарина Ивановска по се’ изгледа дека го има одговорот:  Убавицата на мажите за да „им ја падне вилицата“, не е доволно да е само убава, туку треба да биде и… „кучка“!

Или што би рекла наша Кики –   B.I.T.C.H. !!!  Beautiful (Убава), Intelligent (интелигентна), Talented (талентирана), Charming (шармантна) & Hot (жешка).

Само оние што одблизу ја познаваат Катарина, знаат дали нашата убавица поседува голем дел од овие особини, ако не и сите?  Real  B.I.T.C.H. – што би рекла самата таа или… Вистинска „кучка“, што би рекле ние: К – културна, У-никатна, Ч – увствителна, К – кокетна, А – атрактивна…

Ако знаете уште некоја – посочете ја!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi