Кејт ги покажа долгите нозе! Облечена во кич фустани и кратки здолништа!

Таа, наводно, го освоила Вилијам кога тој првпат ја видел во 2002 година на добротворна емисија каде била облечена во целосно проѕирен фустан. Фустанот беше продаден на аукција години подоцна за 105.000 американски долари.
Кејт Мидлтон денес полни 39 години. Роденденот ќе го прослават со семејството во Норфолк во нивната вила во Анмер Хол каде го поминаа и Божиќ со кралицата Елизабета Втора.

Војвотката од Кембриџ е родена на 9 јануари 1982 година во Ридинг во богато буржоаско семејство. Бидејќи нејзиниот татко беше менаџер на „Бритиш ервејс“, таа патуваше и често се преселуваше од мали нозе, а едно време живееше со своето семејство во Јордан.
Пред да се запише на Универзитетот Св. Ендру во Шкотска, каде го запозна својот сопруг, принцот Вилијам (38), реши да одмори една година и да патува низ светот, претежно престојувајќи во Чиле и Италија.


Но, и покрај тоа што денес е позната по нејзините елегантни и едноставни аутфити и сините фустани, Кејт не секогаш негувала таков стил.

Кога веќе беше позната како девојка на Вилијам, во 2004 година Кејт позираше во кратко здолниште и кошула и долги чизми пред палатата Бленхајм.
