Кејт Мидлтон го привлече целото внимание: Блескаше во фустан до подот, а за нејзината половина се зборуваше и во утринската програма (ФОТО)

18 октомври, 2021
febc906ff2ef02a08bcda628e3e280072c9a3d25

Водителот на утринската програма, Ричард Медли, предизвика голема реакција кај гледачите со коментарот за Кејт Мидлтон.

Принцезата Кејт Мидлтон уште еднаш ги воодушеви сите со својот изглед за време на викендот. Кејт носеше вистински принцеза фустан кој совршено го истакна нејзиниот струк, а за кој се зборуваше и во утринската програма. Целото внимание беше насочено кон прекрасната Кејт.

Гледачите на емисијата „Добро утро, Британија“ не беа задоволни од начинот на кој се зборува за Кејт Мидлтон.

Водителот на утринската програма, Ричард Медли, предизвика голема реакција кај гледачите со коментарот за неа.

Имено, Кејт Мидлтон се појави со нејзиниот сопруг принцот Вилијам на доделувањето на наградата „Earthshot“ во неделата, а водителот Ричард наместо тоа се фокусираше на „малиот, малиот струк“ на Кејт.

„Таа е толку витка, нели“, и рече тој на својата колешка, на што таа одговори дека Кејт изгледа апсолутно одлично. Потоа Ричард додаде: „Мал, мал струк“.

На гледачите не им се допадна коментарот на Ричард за половината на Кејт, а неколкумина ги споделија своите размислувања на Твитер.

– Значи, сите разговори за животната средина и снимањето на Земјата, а Ричард зборува за големината на половината на Кејт! – ренесува британски „Hello“.