Ким го дружеше Канје на преслушувањето на албумот: Мила, врати ми се!

8 август, 2021
profimedia-0481524913-725x485

Во четвртокот, раперот Канје Вест го подготви и второто слушање на новиот албум „ Donda “ на стадионот Mercedez-Benz во Атланта, каде што беше присутна неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан и нивните деца.

На вториот настан по повод објавувањето на десеттиот студиски албум, Канје претстави нова песна, работен наслов „ Lord I Need You “, во која се осврнува и на разводот со Ким, но и последиците што ги остави врз него.

„Времето и просторот се луксуз, но дојде тука за да ми покажеш дека сеуште си вљубена во мене“, пее Вест, мислејќи на Ким која присуствуваше на дветете проби на неговиот албум со нивните деца.

Канје, исто така, за првпат ги изведе променетите стихови од песната „ Love Unconditionally “, претставени за прв пат на првото преслушување.

Песната започнува со гласот на неговата покојна мајка Донда Вест, која почина во 2007 година на 58 -годишна возраст и по која албумот го носи името, и која споделува неколку совети за љубовта и бракот.

„Две лекции кои им ги пренесе на своите деца. Како прво, никогаш не го напуштај семејството. Второ, што и да е, сакај безусловно “, изговорила мајката на раперот на почетокот на песната.

escort - Korsan taksi