Ким и Канје не се во контакт, но сѐ уште немаат поднесено барање за развод, а еве што се случи со документите!

4 февруари, 2021
pxl_pa_230516_13053931_MgkH5ny

Најпознатата старлета на Светот, наводно, сè уште не поднела барање за развод, бидејќи размислува кој е најдобриот начин да излезе во јавноста со оваа информација.

Неодамна се појави вест дека ријалити sвездата Ким Кардашијан (39) и раперот Канје Вест (43) се разведуваат. Странските медиуми сега пишуваат дека двојката сè уште не е разведена официјално, но тие повеќе не се во контакт.

Извор близок до семејството Кардашијан-Вест откри дека Ким се обидува да остане силна и да продолжи со својот живот, па се помирила со фактот дека ѝ завршила нејзината долгогодишна љубов.

Најпознатата старлета на Светот, наводно, сè уште не поднела барање за развод, бидејќи размислува кој е најдобриот начин да излезе во јавноста со оваа информација.

– На Вест не му е гајле што Ким го чека вистинскиот момент. Ќе излезе во јавноста кога е подготвен. И тој сака развод исто колку и Ким – изјави извор за странските медиуми.

Иако оваа вест беше шокантна за многумина, се чини дека има и такви кои знаеја дека овој ден ќе дојде некогаш. Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пем Бехан (52), уште во самите почетоци на нивната врска знаеше дека таа нема да трае.

– За разлика од Ким, Канје не знаеше како да се носи со огромен успех. Јас и се восхитувам што се обидува да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го стори најмногу поради децата “, изјави таа.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum