КИМ КАРДАШИЈАН ги шокираше своите следбеници: Го „облече“ ламборџинито во бел плиш, за да изгледа како во пижами (ФОТО+ВИДЕО)

14 јуни, 2021
94d23f6b7dc86c74ab1ed3f23dbd9d52e3caab04

Никој не разбира зошто го сторила тоа.

Иако во последно време се зборуваше дека нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест, се гледа со манекенката Ирина Шајк, Ким Кардашијан се обидува да не ја трогнат тие гласини.

Напротив, таа се посвети на своето производство, односно на новата колекција на плишани пижами.

Немаше да има ништо чудно во тоа, ако Ким не отиде чекор подалеку и направи тотално бесмислена работа, со што беше толку горда, па тоа го сподели на својот Instagram.

Покрај тоа што плишот беше на седиштата, на подот, на контролната табла, на Ким не ѝ беше доволно, па целиот автомобил, освен фаровите, ги прекри со плиш.

Се претпоставува дека тоа го сторила со цел да го промовира материјалот што ќе го искористила за нејзината нова колекција пижами.