Ким Кардашијан го укинува својот популарен бренд и започнува нов: Фановите тврдат дека тоа го прави заради поранешниот маж!

9 јули, 2021
kim-kardasijan-4-830x0

Ким Кардашијан (40) на социјалната мрежа Инстаграм објави дека брендот „KKW Beauty“ ќе престане да работи на почетокот на август. Риалити sвездата одлучи нејзиниот тим и таа да лансираат нов бренд, што ќе биде нешто сосема друго.

„Многу сум возбудена од проширувањето на понудата, така што конечно ќе видите сè за што отсекогаш сум сонувала“ – објасни Ким.

Козметичките линии се нудат во последните четири години, за време на кои Ким го прошири својот бизнис во модната индустрија.

„Ви благодарам што бевте со мене на ова неверојатно патување“ – напиша таа и додаде дека наскоро ќе излезе со нов бренд.

Таа исто така истакна дека сака да развива производи со нови и посовремени формули, додека пакувањето ќе биде целосно иновативно.

Сепак, обожавателите се сомневаат во целата приказна и претпоставуваат дека Ким го прави ова со цел да ја отстрани првата буква од презимето на нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест, од марката.

„Ким, знаеме дека само сакаш да го извадиш „W“ од името на брендот и ние целосно те разбираме“ – напиша една жена, а друга додаде дека целта е очигледна и дека можеше да стори се на друг начин:

„Не мораше да ја откажете целата марка заради една буква, исфрлете ја и готово.“

Ким не откри кога новиот бренд ќе го види светлото на денот, но вети дека фановите нема да чекаат долго.

escort - Korsan taksi