КИМ КАРДАШИЈАН ИЗНАЈМИ СУПЕРМОДЕЛ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ БРЕНД! Не можеше да избере подобра личност!

16 јули, 2021
429143_kim-kardasijan_f

Ким Кардашијан има ново лице за својот бренд за долна облека, а не можеше да избере подобра личност за тоа

Имено, моделот Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот Ким Кардашијан. Риалити sвездата објави на својот Инстаграм преку фотографии од британската модна икона, како и комплименти на сметка на згодната 47-годишничка.

Кејт покажа дека со право важи за една од најдобрите супермодели на сите времиња, а за потребите на оваа кампања позираше во предизвикувачки пози кои го истакнаа нејзиниот сексапил и вродена елеганција.

– За прв пат ја запознав во 2014 година преку Рикард Тиши и веднаш ме освои нејзината смела смисла за хумор, автентична и класична убавина и оттогаш сме пријателки. Таа е модна икона, некој што дефинира цела генерација на стил и горда сум што можам да ја претставам како ново заштитно лице за ова лето – напиша Ким со фотографиите.

Инаку, Ким и Кејт се запознале уште во 2014 година на Ибица на 40-от роденден на дизајнерот Рикард Тиши, по што беа видени заедно во повеќе наврати.