Ким Кардашијан разочарана од Кание! Откриена е вистинската причина за разводот на славната двојка!

24 февруари, 2021
ким

Риалити sвездата Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Кание Вест, а сега е откриено што и пречело кај славниот рапер.

Имено, извор близок на старлетата открил дека нејзиниот сопруг не бил подготвен за компромис за време на бракот кој траел пет години, па на Кардашијан и било тешко.

Иако се вели дека тие се согласиле да се разведат, може да се каже дека нешто стои зад целата приказна, бидејќи извор близок до мајката на Ким, Крис Џенер, вели дека старлетата имала силни чувства дека на оваа врска ќе и дојде крајот.

Нема драма помеѓу Ким и раперот. Претежно е разочарана што не можеа да сфатат како да останат во брак. Но, потребни се две лица да создадат среќен брак. Ким сметаше дека Кание не е подготвен да се посвети на брак, како и да се согласи на компромис – изјави извор за „Пипл“.

Да се потсетиме, Ким поднесе барање за развод преку нејзината адвокатка Лора Васер, но точниот датум на разводот не е познат. Наводно, ниту Ким, ниту Кание нема да го оспорат предбрачниот договор што го потпишале и ќе се разведат со заедничка согласност.

escort - Korsan taksi