КИМ КАРДАШИЈАН ВО ДИЛЕМА: ДАЛИ ДА СЕ СЛИКА БЕЗ ОБЛЕКА КОГА ЌЕ СТАНЕ АДВОКАТКА?

18 јуни, 2021
a29cf544b406d611570796786

Ким Кардашијан неодамна одлучи радикално да го смени животот.

За потсетување, најпознатата ријалити sвезда на светот се запиша на факултет за да стане адвокат, што изненади многумина, бидејќи дотогаш беше позната исклучиво по облеката, модата, експлицитните снимки и ТВ-формат кој се состоеше од кавги, прељуба и безопасни семејни проблеми.

Во последната епизода од споменатото шоу, Ким откри дека паднала на првиот испит, што докажа дека нема никакви врски на факултетот, со образложение дека „професорите никогаш не ни чуле за неа“.

Иако е ставен крај на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, во специјална епизода што се емитуваше денес, Ким се прашуваше како би изгледал остатокот од нејзиниот живот.

– Долго време размислував за тоа дали треба да продолжам да објавувам предизвикувачки фотографии на социјалните мрежи кога ќе станам адвокат, но тогаш сфатив дека можам да правам што сакам. Секој од нас може да биде и едното и другото – заклучи Кардашијан.

escort - Korsan taksi