КИМ МОЛЕЛА ЗА ПОМОШ: „Разговарајте со Канје пред да биде предоцна“

6 април, 2021
Screenshot_68

Риалити sвездата Ким Кардашијан побара помош од блиските соработници и пријателите на Канје за да го вразумат и да разговараат со него, откриено е во епизодата „Keeping Up With Kardashians“ која се емитуваше откако 40-годишната Ким Кардашијан официјално поднесе барање за развод од 41-годишниот рапер Канје Вест во февруари оваа година.

Во една епизода снимена пред неколку месеци, се снимаше како Ким го моли својот тим да ‘разговара со него’. „Ве молам, разговарајте со него, утре доаѓам во Вајоминг и среќна сум за тоа, му треба поддршка и помош пред да биде предоцна“, рече таа во емисијата.

Имено, Канје за време на снимањето на таа епизода бил на неговиот ранч во Вајоминг и објавувал многу содржини на социјалните мрежи, што малку ја фрустрирало Ким. „Треба да знаете како да одделите што објавувате на Интернет и што ќе чувате за себе кога станува збор за семејството“, рече неименуван извор. Канје претходно ѝ се заканувал на свекрвата Крис Џенер дека ќе влезе во војна со неа и споделувал приватни пораки меѓу двајцата. Во една прилика тој дури ја нарече „Крис Џонг-ун“, алудирајќи на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Подоцна се извини за неговите изјави. „Би сакал да и се извинам на мојата сопруга Ким што излегов во јавност со нешто што беше приватно. Не ја покривав како што ме покри таа. Ким, сакам да кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Ти благодарам што секогаш беше со мене“, рече тој тогаш, но очигледно беше доцна. Еден од најбогатите парови на светот во моментов е во процес на развод.