Ким објави слика со Канје, а пораката која ја напиша го збуни целиот свет

9 јуни, 2021
db57b3b2-6728-4f78-a005-5e8d4356b4c0

Ким Кардашијан објави фотографија на која позира со своите деца и Канје Вест со кого е во процес на развод. Старлетата му го честиташе роденденот на раперот, а пораката покрај сликата збуни стотици илјади луѓе на Инстаграм.

“Среќен роденден. Ќе те сакам цел живот”, напиша Ким.

Сликата ја лајкнаа повеќе од милион луѓе за само половина час, а илјадници луѓе во коментарите не кријат колку се збунети од новиот пост.

Дека парот се разведува, објавија американските медиуми во февруари годинава кога Ким поднесе барање за развод.

Ким и Канје започнаа врска во април 2012 година, додека таа сè уште беше официјално омажена за Крис Хамфрис. Таа беше во брак со Хамфрис само 72 дена, а нивниот развод беше финализиран во јуни 2013 година.

Во 2014 година се омажи за Канје во Италија една година откако го добија првото дете, ќерката Норт. Во 2015 година, тие го добија синот Сент, ќерката Чикаго се роди во 2018 година, а синот Псалм во 2019 година.

escort - Korsan taksi