Ќе мора да избере помеѓу неговата баба и неговата бремена сопруга: Принцот Хари е во сериозни проблеми, а за неколку дена ќе се знае неговиот статус во кралското семејство!

21 април, 2021
shutterstock_769140469_1000x0

Следната недела е роденден на кралицата и сите се прашуваат дали Хари ќе остане да биде до неговата баба

Кралицата ќе го прослави 95-от роденден со своето семејство, без помпа и рекламирање. Сепак, многумина веруваат дека Хари ќе го напушти Лондон пред тоа.

Принцот Хари беше примен ладно во Лондон и беше игнориран од многу членови на семејството. Британските медиуми шпекулираат дека тој денес може да се врати во Калифорнија кај својата бремена сопруга! Дали е тоа вистина, ако Хари не остане со својата баба за нејзиниот 95-ти роденден – тоа ќе биде најважниот знак за неговата позиција во кралското семејство.

Роденденот Елизабета ќе го прослави во Виндзор, со своето семејство. Ќерката, принцезата Ана и Софија од Весекс се меѓу првите што ги прими кралицата. Деновиве ќе ја посети нејзиниот син Ендру, како и нејзината внука Евгенија и нејзиниот правнук. Тоа ќе биде голем настан за принцот Ендру (61), бидејќи официјално ќе се рехабилитира по аферата со Џефри Епштајн (чиј голем пријател беше тој).

Имено, Ендру првпат беше виден во јавноста само на погребот на неговиот татко. Имено, кралското семејство се дистанцираше од синот на кралицата поради скандалот со малолетничките. Бидејќи војводата од Јорк беше виден на погребот, во вториот ред, сите мислат дека тој е вратен во семејството.

Што се случува со Хари?

Неговото пристигнување во Виндзор, на чај со кралицата, не е официјално објавено. Медиумите внимателно го следеа секој негов чекор и можеа да забележат само студенило со кое го примија неговите роднини.

Хари сѐ уште е во Лондон и кружат гласини дека тој наскоро, можеби денес, може да тргне кон Калифорнија кај бремената Меган. Ако тоа се случи и тој не остане до роденденот на кралицата, тоа би бил најсигурен знак дека сите му се лути поради интервјуто кај Опра Винфри.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа снимени како разговараат со Хари по погребот на неговиот дедо, но тие не се сретнаа со него пред или потоа. Да потсетиме, никој не го чекаше Хари на аеродромот.

Сите членови на семејството чувствуваат силна лојалност кон кралицата и го сметаат Хари за аутсајдер. Неговото интервју не беше одобрено од никој во семејството. Хари вчера беше во црква со неговиот татко принцот Чарлс и тоа беше нивна прва средба лице в лице по интервјуто на Опра Винфри.

По погребот, се одржа краток состанок меѓу членовите на кралското семејство, на кој тие разговараа за идните улоги на членовите, како и за Хари, кој не беше поканет.

Ако Хари го напушти Лондон пред роденденот на кралицата – сè ќе биде јасно.

escort - Korsan taksi