Ќерката ги фатила „на дело“ Алба и нејзиниот сопруг: „Помислив, ја уништивме“

21 мај, 2021
profimedia-0609386964

Преку таа лекција научи дека сега треба да тропне пред да влезе во спалната соба на мама и тато

Актерката и претприемач, 40-годишната Џесика Алба и нејзиниот сопруг, филмски продуцент Кеш Ворен отворено зборуваа за најсрамниот момент во нивната родителска кариера. Во новата епизода на емисијата на YouTube на Албина, „Getting Honest“, парот разговараше со колегите родители, актерката Рејчел Зои и нејзиниот сопруг Роџер Берман.

 Алба и нејзиниот две години постар сопруг откриле дека нивната деветгодишна ќерка Хевен еднаш влегла во нивната спална соба исто баш во моментот кога тие двајца биле интимни. „Тоа беше најлошото искуство. Ние сакаме да поминеме пет минути во нашата спална соба смеејќи се. Нормално е да бидеме интимни. Но, по тој настан, се чувствувавме како да ја уништивме сопствената ќерка “, откри Кеш.

Додека Ворен после се смееше, Алба признава дека започнала да плаче. „ѝ се јавив на Коу, сестрата на мојот сопруг. Таа е толку добра во решавањето предизвици, ми помогна да се смирам“, рече Џесика. Набргу по „застрашувачкиот“ настан, Ворен вели дека отишол долу за да разговара со Хевен. „Мораме да го направиме овој разговор. Не можеме да се преправаме дека тоа не се случило. Јас ѝ реков: „Хевен, се обложувам дека ова е последен пат да влезеш во нашата соба без да тропнеш“, рече Ворен низ смеа. „Сега тропа, мислам дека ја научи лекцијата“, заклучи тој.

escort - Korsan taksi