Кога сликите зборуваат погласно од зборовите: Шокантните промени во изгледот на најмладата милијардерка во светот

15 јуни, 2021
кајли

Американската ријалити sвезда и најмладата милијардерка во светот, Кајли Џенер (23), многу се менуваше со текот на годините, а многумина велат дека тоа се случило благодарение на силната шминка и филери што ги вбризгувала во усните и остатокот од лицето.

Имено, ви претставуваме галерија од слики кои покажуваат како се менувала младата старлета со текот на годините, а обожавателите понекогаш можат да бидат многу сурови кога ќе видат колку е очигледна промената во овој случај.

Кајли беше симпатична тинејџерка пред 10 години која имаше бел тен, пеги на носот и образите, тенки усни, „зашилена брада“ и мали гради, но ситуацијата значително се промени, па сега првото нешто што можете да го забележите за оваа убавица се огромни усни и гради, а потоа и хармонично лице – брада и уши, тесен струк и преголем задник, за што сите тврдат дека не е природно.

,,Што се случи со нејзината брада? Зарем ја стружеше за да биде помала?” – беше прашањето на еден од следбениците.

,,Нејзините гради и задник се поголеми за 3 броја” – гласи друг коментар.

,,Очигледно е дека таа има корекција на усни, но ми се чини дека сè друго е пренагласено” – беше третиот коментар.

И покрај не толку позитивните коментари, Кајли е првата жена што стана најмладата милијардерка во светот на 21 година, благодарение на брендот за сјај за усни и шминка и козметика „Кајли“.

Таа е исто така трета најследена личност на социјалната мрежа Инстаграм со 240 милиони следбеници, а пред неа се наоѓа само пејачката Аријана Гранде со 243 милиони следбеници и рекордерот, фудбалерот Кристијано Роналдо со 298 милиони следбеници.

Погледнете ја трансформацијата на Кајли.

escort - Korsan taksi