Кој е новиот маж во втората сезона на „Емили во Париз“?

25 септември, 2021
242605436_556810035545802_8568325089508399880_n-e1632511005896-790x450

Сакана или омразена, неспорно е дека серијата „Емили во Париз“ остави свој белег во поп културата минатата година. Можеме да го обвиниме карантинот и недостатокот на друга содржина за тоа, а можеби и понатаму е идеална комбинација на ескапизам, шарени облеки, романтична сценографија и француски акцент. Во секој случај, и покрај безбројните критики, „Емили во Париз“ се најде на листата номинирани за Еми и ја заслужи својата втора сезона. Што значи дека уште еднаш ќе имаме можност да уживаме во американски кич, француски шик и прикажани стереотипи и да фантазираме за француски десерти (и готвачи).

Снимањето на втората сезона започна за време на lockdown во Франција оваа пролет и траеше до август оваа година, и во моментов е во пост-продукција. Актерите и продуцентот Дарен Стар во своите интервјуа рекоа дека се е можно во втората сезона и дека публиката треба да има отворен ум, а советите што ги дадоа најавуваат можен љубовен триаголник? Клиентот на Емили, Антоан Ламберт (го игра Вилијам Абади) и инвеститор во ресторанот на Габриел, исто така, станаа постојан лик.

Но, новата сезона носи и нов љубовен интерес за Емили – британецот Алфи кој ќе го игра Лусиен Лависконт. „Алфи е саркастичен и шармантен циник. Тој одбива да зборува француски и да се потопи во француската култура. Работи за британска банка во Париз, но за разлика од Емили, работи за да живее, не живее за да работи “, пренесува Deadline. Сметајте не заинтригирани! И кога можеме да очекуваме нов материјал за bingeing? Точниот датум се уште не е објавен, но се очекува до крајот на оваа година.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris