Кој ќе ја обвини? Џенифер Анистон призна кражба по повеќе од десет години молчење

21 мај, 2021
1457062

Дури сега, кога започна одбројувањето до специјалната епизода и новиот собир на „Пријатели“ и сè се вжешти, Џенифер Анистон уште еднаш ја покажа својата бушава страна и откри интересен детал од сетот за кој молчеше со години.

Иако Рејчел Грин беше позната како модна идкона во серијата „Пријатели“, кога станува збор за „земање сувенири“ од сетот, Џенифер Анистон посегна во шкафот на друг лик. Имено, за време на интервју за магазинот „ People “, 52-годишната Џенифер Анистон откри дека пред повеќе од една деценија од шкафот на нејзината пријателка Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер во серијата, зеде специјално парче облека, од сетот на „Пријатели“.

„Отидов кај нејзиниот плакар на сетот и го зедов фустанот што го носеше Моника“, откри Џенифер Анистон, додавајќи дека дури и една деценија подоцна сепак сака да го носи во многу комбинации.

„Јас сè уште го чувам и го носам. Сеуште одлично ми одговара. Тоа е цветен фустан со црна тантела и оние мали, ситни цвеќиња, V деколте и мали ракави.“

А додека Кортни Кокс не „украде“ ништо од сетот, Лиза Кудроу ги зеде прстените што ги носеше нејзината Фиби Бафај како сувенир, како и теглата за колачиња „Cookie Time“, која Метју Пери ја „однесе“ за неа.

Дејвид Швимер реши да го украси својот дом со постер на „Професорот Гелер“ од неговата музејска канцеларија, а некое време возеше со регистарската табличка „Сакам пријатели“, која, ако тој дури и не знаеше, ја инсталираше Мет Лебланк. Како што откриле, му требало една недела да го забележи тој детал.