Кој кого расплакал? Први фотографии од Кејт по интервјуто на Сасексови

9 март, 2021
profimedia-0596032060-1

Не можела да спие цела ноќ

Најочекуваното интервју на годината – она на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл кои по една година напуштање на кралското семејство, конечно решија да разговараат со американската водителка Опра Винфри за животот во „Компанијата“ и причините за напуштањето – конечно ја виде светлината на денот. Контроверзно, скандалозно и без двоумење – вака накратко може да се опишат двата часа гостувње на војводите кај Опра.

Кејт ја расплака Меган

Наспроти претходните извештаи дека војвотката од Сасекс ја расплакала нејзината јатрва Кејт Мидлтон неколку дена пред нејзината сопствена венчавка, Меган ѝ раскажала на Опра сосема поинаква верзија на настанот,за  која „зуеле“ домашните и странските медиуми. „Тоа е лага. Таа ме расплака. Не сакам повеќе да навлегувам во деталите за тој инцидент затоа што ми се извини и тоа го решивме одамна. Таа не е лоша личност и не би сакала да одложувам, но вистината е спротивна на она што го пишуваа британските медиуми во тоа време. Секој во семејството и Бакингемската палата го знаеше ова, но им одговараше што јавноста размислуваше поинаку. Ме замолкнаа, а блиските луѓе беа упатени да одговорат на сите прашања поврзани со мене и нас, бидејќи немаат коментари. Така направија“, изјави Меган и објасни дека имала конфликт со Кејт околу изборот на невестински фустани, по што Кејт, кога ја видела својата грешка што ја расплакала идната невеста, се извинила со букет.

И додека впечатоците по најочекуваното интервју во годината сè уште не се смируваат, таканаречената војвотка од Кембриџ вчера се занимаваше со сосема различни работи. Имено, Кејт преку видео повик испрати честитка за Меѓународниот ден на жената, а не откри дека обвинувањата на нејзината јатрва и на кој начин ја допреле. Мидлтон разговараше со Јасмин Харисон, светски рекордер, која стана најмладата жена што сама веслаше преку Атлантикот. Војвотката ја праша оваа неверојатна девојка за нејзините искуства за време на патувањето од скоро 5.000 километри, кое траеше нешто повеќе од 70 дена. И додека за време на интервјуто не ја симна насмевката од лицето, првите папарацо фотографии на Кејт, по интервјуто со Меган и Хари, откриваат дека војвотката не е толку добро расположена.

 Имено, Кејт е снимена како оди во палатата Кенсингтон утрово, а многумина забележаа дека овој пат ја нема препознатлива насмевка на лицето, туку има многу сериозен и донекаде вознемирувачки израз на лицето. „Кејт сака да остане силна и не сака работите што се зборува да ја окупираат премногу, но едноставно е посилна од неа. Таа всушност е многу вознемирена и не спиеше цела ноќ. Вилијам ја тешеше, но таа не може да оди против себе“, рекол извор близок до кралското семејство. Имено, Кејт наводно одлучила следните неколку дена воопшто да не ги чита вестите и решила да земе неколку дена одмор.