Коментираше и естетски хирург: Што се случува со задникот на Beyonce?

17 март, 2021
Screenshot_31

Само неколку месеци ја делат од влегувањето во нејзината 50-та деценија од животот, но привлечната и мега популарна Бијонсе ‘не се предава’ на годините. Таа се обидува да изгледа што е можно помладо и затегнато, но американските медиуми сега пишуваат дека малку претерала. Таблоидот Globe тврди дека пејачката минатата година го „средила“ задникот барем двапати.

Имено, како што пишува споменатото списание, Бијонсе сакала поголем и поцврст задник, поради што минатата година немала една операција, туку две. За да ја промовира најновата колекција на нејзиниот бренд ‘Ivy Park’ што е можно поуспешно, таа сакаше совршен задник, но не и да изгледа пластично.

„Се вели дека таа отишла на првата операција на почетокот на минатата година, а на втората на крајот, за време на празниците. Сега го доби посакуваниот изглед, благодарение на некаков луксузен и скап третман што ја чинеше десетици илјади долари. Сепак, вредеа потрошените пари“, откри еден инсајдер.

„Таа навистина сакаше да ја покаже својата фантастична линија за облека и fancy обувки, а во исто време сакаше да покаже и многу позаводливи облини“, додаде изворот. Споменатиот таблоид наводно контактирал козметички хирург, иако не бил оној со кој била Бијонсе и тој се согласил дека „позадината“ на актерката изгледа поголема и позаоблена. Сепак, тој исто така тврди дека не е сигурен дали Бијонсе отишла по ножот. Според него, можно е и пејачката да го наполнила задникот користејќи електромагнетни бранови.

Инаку, токму овие денови Бијонсе го „украде шоуто“ со своето секси издание на Grammy наградите. Многумина со нетрпение чекаа до последен момент дали оваа музичка дива ќе се појави на црвениот тепих, а кога таа се појави – сите погледи беа свртени кон неа. Тоа беше навистина посебна вечер за Бијонсе која влезе во историјата на музиката со тоа што стана жена рекордер по бројот на Греми што ги освои – 28 од нив. Бијонсе носеше едноставен, но секси црн кожен фустан од дизајнерот Даниел Роузбери за Скиапарели. Изгледот дополнително беше надополнет со црни кожни нараквици, масивни обетки и чевли на Џими Чу.