Конечно проговори за она за што другите молчат: Хејли Болдвин растажи милиони обожаватели со својата одлука!

2 април, 2021
1436880

Супермоделот и сопруга на пејачот Џастин Бибер откри зошто донела одлука со која растажи милиони нејзини следбеници, затворајќи го својот профил на Twitter. Но, како што рече, морала да се одлучи за такво нешто бидејќи тоа било штетно опкружување за неа

24-годишната манекенка Хејли Болдвин ги откри, во интервјуто со Џесика Клемонс, причините за нејзината драстична одлука.

„Самата помисла за отворање апликација создава неверојатна вознемиреност кај мене и се чувствувам како дека ќе повратам“, рече Хејли Болдвин, додавајќи дека на таа популарна социјална мрежа често наидува на „многу токсично опкружување“ и не ѝ се допаѓаа ниту интернет троловите.

„Мислам дека кога поминуваш низ ситуација кога толку многу луѓе те прогонуваат одново и одново за истата работа, таа мисла почнува да ти се врти низ главата и тогаш ќе започнеш да се прашувате себеси. Постојано се прашуваш: „Дали има нешто што не можам да го видам, а тие го гледаат?“

Таа додаде дека сфатила дека социјалните мрежи можат да бидат многу штетни, па затоа денес користи помалку апликации, а исто така го ограничи пристапот до луѓето на Instagram кои можат да ги видат сите нејзини објави. „Денес кога гледам коментари, кога објавувам фотографија или видео од нешто, знам дека само луѓето за кои сум сигурна дека ќе ја шират позитивата и кои ќе бидат охрабрувачки ќе коментираат“.

escort - Korsan taksi