КОНЕЧНО се огласи принцот Вилијам: Вака одговори на обвинувањата упатени од Меган и Хари!

11 март, 2021
меги

Принцот Вилијам е првиот член на кралското семејство кој јавно проговори за обвинувањата за расизам изнесени од неговиот брат, принцот Хари и Меган Маркл, во интервју кое беше емитувано во неделата во САД.

Тврдењата на Хари и Меган дека има членови на кралското семејство кои прашуваа дали нивниот син ќе биде „со темна кожа“ додека Меган беше бремена ја разбрануваа светската јавност, особено Бакингемската палата.

Денес, принцот Вилијам зборуваше и рече дека сè уште не разговарал со неговиот брат, но дека тоа ќе го стори наскоро.

„Ние не сме расистичко семејство“, кратко рече Вилијам додека заедно со неговата сопруга беа на училиште во источен Лондон.

Коментарот на Вилијам дојде откако еден новинар праша „дали е кралско семејство расистчко“.

Да се потсетиме, Бакингемската палата во вторникот издаде соопштение во кое се наведува дека прашањето за расизам што го покренаа Меган Маркл и принцот Хари е „загрижувачко“ и дека кралското семејство ќе се справи со тоа „во нејзините четири sида“ и јавноста ќе биде исклучена.

Британските медиуми напишаа дека сите членови на семејството, особено Вилијам и Кејт, се вознемирени од тврдењата на Хари и Меган.