Контроверзниот рапер е во центарот на скандалот околу разводот со Ким Кардашијан, а неговата животна приказна ќе ви го одземе здивот!

1 мај, 2021
shutterstock_97091852_1000x0

Ретко кој ги знае овие детали од приватниот живот на раперот

Контроверзниот рапер Канје Вест е познат како еден од најпознатите стилски мажи во шоу-бизнисот. Големо внимание се посветува на неговите комбинации на облека, како и на неговиот живот кој е полн со пресврти, заплети и неверојатни приказни.

Стајлингот на раперот од Met Gala 2016 година е сепак еден од најинтересните. За таа пригода, раперот носеше и светло сини леќи и јакна за кои велат дека имала „милион“ кристали.

Откако неговите родители се развеле кога тој имал три години, тој со мајка му се преселил од Џорџија во Чикаго. Мајка му работела како универзитетски професор. На десетгодишна возраст, Канје се преселил повторно, овој пат во Кина, поради неговата мајка, која работела на програма за размена на ученици како дел од училиштето.

Загубата на неговата мајка беше болен момент, но по помалку од две недели, Канје се врати на музиката и концертите. Тој ниже успех по успех, а еден од нив, како што рече еднаш, беше врската со Кардашијан.

Иако тие се запознаа уште во 2003 година кога Ким заминала со нејзината пријателка Бренди во студиото близу Вест да ја сними нејзината песна, веднаш му падна во очи на Канје, но врската ја започнаа дури во 2011 година. Тие имаат деца, се венчаа и започнаа да ја живеат својата холивудска бајка, која траеше до минатата година.