Кралицата Елизабета на сред свечен ручек замавна со меч, погледнете како реагираа Камила и Кејт

13 јуни, 2021
Opera Snapshot_2021-06-13_062745_dnevnik.hr

На свечен ручек по повод самитот G7, кралицата Елизабета реши да го пресече колачот со меч наместо со нож, а Камила и Кејт едвај го задржаа смеењето.

Кралицата Елизабета овие денови е домаќин на самитот G7, а еден момент го привлече вниманието на медиумите ширум светот. Имено, 95-годишниот водач на британската монархија сечеше торта на отворањето на свечената церемонија, и инсистираше на употреба на свечен меч наместо обичен нож.

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и војвотката од Корнвол Камила Паркер-Боулс беа со неа на свечениот ручек, а кралските дами не можеа да не се смеат додека кралицата ја сече тортата. Додека и давале нож да ја пресече тортата, кралицата одбила. „Знам каде стои ножот, ова е поневообичаено“, истакнала таа. Бројни луѓе и аплаудираа по тој потег, пишува Дејли Меил.

Сите членови на британското кралско семејство се зафатени викендов со лидерите на најмоќните земји во светот. Кејт Мидлтон се дружеше со американската прва дама Џил Бајден во петокот, а по тој повод им искоментирала на новинарите за ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, Лилибет.

„Ѝ посакувам сè најдобро, едвај чекам да ја запознам што се надевам дека ќе биде наскоро“, изјави Кејт пред новинарите. Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен-Виндзор, именувана по бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, се роди пред една недела во Santa Barbara Cottage болницата во Калифорнија.

Односите меѓу членовите на кралското семејство дополнително се влошија во март кога еден од нив, иако неименуван, беше обвинет за расистички изјави против синот на принцот Хари, малиот Арчи. Проблеми се појавија и откако Меган Маркл призна во интервју за Опра Винфри дека членовите на кралското семејство целосно ги игнорираат нејзините молби за помош со самоубиствените мисли, кои честопати и доаѓаа на ум за време на нејзиниот живот во Велика Британија.

escort - Korsan taksi