Криси Тајген во топ кој изгледа како да ќе се лизне надолу во секој момент: „Повторно изгледа одлично!“ (ФОТО)

24 февруари, 2021
chrissy-teigen-john-legend-krisi-tajgen-dzon-ledzend-1-830x0

„Убава двојка“, „Леле Криси повторно е толку згодна“, „Повторно ослабе, повторно изгледа одлично“, „Џон е вистинска душичка“, беа коментарите на фановите по новите фотографии на славната двојка

Американската манекенка Криси Тиген (35) и нејзиниот сопруг и музичар Џон Леџенд (42) беа фотографирани на ручек во познатиот ресторан во хотелот „Bel Air“, а по тој повод, славниот пар изгледаше многу стилски.

Имено, славната двојка неодамна доживеа семејна трагедија кога Криси имаше спонтан абортус, но се чини дека зад нив стојат тажните денови и тие полека се опоравуваат од загубата.

Нивниот нероден син почина пред неколку месеци, кого сакаа да го именуваат Џек, а Криси не криеше колку страдаше и сите промени што ѝ се случија на телото по абортусот, но денес поранешната манекенка изгледа многу подобро.

Во оваа пригода беше фотографирана во сив топ, сини фармерки и жолт џемпер, додека во раката носеше жолта торба. Носеше проѕирни сандали, а се чини дека не носеше градник, затоа што нејзините гради природно „паѓаа“.

На лицето имаше беж заштитна маска и ја собра косата во висока пунџа, завршувајќи го целиот изглед со неколку сребрени ѓердани околу вратот.

Од друга страна, Џон носеше шарена кошула со sвезди и црни панталони, а беше облечен во црни патики. На лицето имше и заштитна маска за да се заштити од корона вирусот, црни очила за сонце и во раката носеше голем шот американски долари.

„Убава двојка“, „Леле Криси повторно е толку згодна“, „Повторно ослабе“, „Џон е вистинска душичка“, беа коментарите на обожавателите по новите фотографии.