КРИСТИНА АРНАУДОВА:БЛАГОДАРНОСТА Е ВИСТИНСКИОТ ПАТ ДО СРЕЌАТА

2 април, 2021
10ка

Кристина Арнаудова првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом.Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.Пораснала во мултиетничко семејство со дедо турчин и баба влаинка, порасната од нејзината мајка. Во 1996 година, со 16 години сама се пријавува на фестивалот „Тин Фест“. Резултатот е прво место помеѓу 150 кандидати од цела Македонија. Ја снима својата прва песна која нема поголема медиумска популарност. На 16 години, основа бенд кој има локални настапи и свири поп-рок, звук по кој станува препознатлива.Во 1997 година станува дел од рок-бендот „Сага“ со кого снимаат само една песна и тоа претставува нејзин најголем успех дотогаш.На покана на Давор Јордановски, станува член на Биг Бенг, група со која останува до 2000 година. Со Биг Бен снимаат неколку песни кои добро поминуваат кај публиката.Соло кариера ја започнува со песната Сонце, дело наАлександарРистевски Принц.Албумот „Возови“ е сопственик на наградата „Најдобар албум на 2003“ а на годишните манифестации доби повеќе од 10 номинации, меѓу кои за хит на годината, пејачка на годината, текст на годината, најдобар видео запис и сл.По што следуваа големи успеси на Арнаудова.Денес е мајка,сопруга и голем хуманитарец,жена која безрезервно помага на оној кој му е неопходно.

Ова е нејзината 10-ка

Која е вашата идеја за совршена среќа?
Совршени нешта не постојат, а среќата ја создаваме самите. Зависи дали чашата ја гледаме полупразна или полуполна. Благодарноста е вистинскиот пат до среќата. Да се виде благодарен за она што го имаме, а не да тагуваме за она што го немаме. Совршен момент е море, тишина, звук на бранови, мирис на море и масло за сончање, игра во песок, љубов, оние што ги сакам да се со мене, здрави и живи….

Која ваша карактерна особенина не ја толерирате кај себе си?
Критизерството. Ви сакала помалку да критикувам и да барам влакно во јајце. Да сум порелаксирана и поспонтана. 

Во кои прилики не ја зборувате вистината?
Секогаш и во сите услови ја зборувам вистината. Не знам да кажам и не сакам да кажам. 

Кои зборови или реченици ги користите премногу често?
 Немам појма. Уживај. Уклучи се на час. Хахахаха……

Каде и кога сте биле најсреќни?
Секој ден секогаш со оние кои ги сакам. Кога ги родив моите две сонца, тие денови нема да ги заборавам. Кога ја правевме нашата свадба, најубавиот ден….кога го купивме нашиот прв стан…. кога дознав дека ќе станам мајка….. кога моите деца ми викаат: ти си најдобра мајка на светот…. итн…..

Како се чувствувате во моментов?
Заради пандемијата, се чувствувам како да сум во исчекување веќе цела година. Чекам да ја снема короната, а тоа не се случува….Се трудам да не сум загрижена и да мислам на убави нешта… се трудам да сум смирена и да се однесувам како се да е нормално….. Сепак сум благодарна до бескрај што сме сите дома здрави и живи. 

Кој е вашиот омилен писател, а кој сликар?
Уф….многу читам, не знам дали имам омилен писател. Сакам биографии па затоа ќе кажам Пјер ла Мир и Ирвинг Стоун. Сликар? Микеланџело иако тој е скулптор многу повеќе од сликар. И мојата другарка Софија Семенпеева, со оглед на тоа дека нејзино дело има централно место во мојот дом. 

Кои се вашите омилени имиња?
Максим, Матео, ако имав девојче ќе се викаше Бјанка, и секако Александар…. 

Која е вашата најизразена карактерна особина?
Не би знаела. Мислам перфекционизмот и хуманоста. За туѓите особини секогаш најдобро знаат оние околу.

На која жива личност и се восхитувате најмногу?
Актуелниот Далај Лама, Садгуру, папата Францис…. сите кои ја живеат суштината, и проповедаат љубов и мир. 

Преземено од muzika24.mk

escort - Korsan taksi