Латино заводничката во својата петта деценија изгледа одлично: Софија Вергара го покажа своето лице без шминка (ФОТО)

7 март, 2021
sofija-vergara-830x0

Софија доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, а многумина заклучија дека изгледа многу негувано

Една од најпосакуваните и најубави актерки според мислењето на многумина е Софија Вергара, и иако во јули наполни 49 години, таа е горда на својот изглед во својата петта деценија.

Во последните месеци, таа со задоволство се сеќава на своите изданија од претходните години, и им докажува на своите следбеници на Instagram дека времето навистина не може да ѝ стори ништо.

Сепак, Софија повторно го разбуди ентузијазмот кај своите обожаватели кога ја објави фотографијата во лежерно издание и без трошка шминка. Актерката, позната како латино заводничка во Холивуд, пиеше кафе во пижами и го држеше своето куче во рацете.

„Време за кафе“, напиша таа.

Софија доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, а многумина заклучија дека делува многу негувано.