Лила во кујна: Кој ќе ме трпи?!

31 мај, 2021
lila

Лила Филиповска-Стојановска, која како сака така и го пишува презимето, ние еве направивме компромис, па и ги напишавме и двете. Нема да згрешиме доколку останеше само Лила, бидејќи македонската водителка е сосема доволно позната и ако остане само името без било кое презиме.

Можеби се прашувате, а колку тоа бракови има Лила зад себе? Па, два! Од првиот и останало презимето Филиповска со кое се прославила во Македонија, а ова Стојановска не е и брачно туку моминско. Но, згодната Лила и после вториот развод не мирува, туку на свој шегобиен начин продолжува да ја “разбива” бракоразводната еуфорија која сакала или не, постојано ја следи.

Таа сега јавно соопшти дека (ќе) мисли и на кујната, не само на спалната, па си купила тенџере за готвење во кое ќе си подготвува највкусни јадења.     

Замислете, Лила во кујна! Можно ли е? Можеби, со оглед на тоа дека нејзиниот мега турбо начин на професионален живот не ѝ овозможува да се храни дома.

– Единствено многу стравувам од тоа да не се навлечам на готвење, па после кој ќе ме трпи, духовито кажа Лила и сите добро ги изнасмеа.      А, дали ќе биде вака во кујната, со разголени нозе?

Преземено од vecer.press