Лиза Кудроу сними неколку сцени за специјалната епизода на „Friends“

20 јануари, 2021
h_02335045-725x580

Конечно започна снимањето на специјалниот хит ситком „Friends“, кој го очекувавме уште минатата година, така барем вели Лиса Кудру.

Таа беше гостин на подкастот на актерот Роб Лоу, каде рече дека веќе има снимено неколку сцени за време на пред-продукција, додека снимањето започнува во раната пролет.

Засега сè уште нема детали за тоа кога специјалното ќе се појави на ТВ, бидејќи снимањето неколку пати се одложуваше поради пандемијата.

Сите актери се враќаат во специјалот- Џенифер Анистон, Метју Пери, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Дејвид Швимер.

Деталите за заплетот сѐ уште не се познати, а името на специјалот не е познато. Единствено е сигурно дека ќе се снима во истото студио каде е снимен оригиналот, но дали ќе зачекориме во познатиот стан на Моника е прашање.