Лора ја разведува Ким по втор пат: Адвокатка која заработува 3000 долари на час!

20 февруари, 2021
кими

Риалити sвездата Ким Кардашијан (40) поднесе барање за развод по седум години брак со раперот Кание Вест (43). Лора Васер (52), позната адвокатка за развод, ги достави документите во името на Ким во петокот.

Риалити sвездата и раперот се венчаа во Фиренца во 2014 година и имаат четири деца – ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1).

Целата приказна за разводот на славната двојка започна по избувнувањето на Кание во кое тој на јавно појавување откри дека Ким сакала да абортира едно од нивните деца. Потоа заминаа на одмор и се обидоа да го спасат бракот, но не успеа …

Kanye West and Kim Kardashian File Photo

Адвокатката на Ким, Лора Васер се нарекува „кралица на холивудските разводи“. Ким ја ангажираше по втор пат за да осигури дека минималистичката вила од 30 милиони долари во Калабасас останува во нејзина сопственост. Таа првпат ја претставуваше Ким кога се разведе од поранешниот сопруг, кошаркарот Крис Хамфрис (36) во 2011 година.

Brady Center

Нејзиното име стана пошироко познато во изминатата година, делумно поради холивудскиот развод кој неодамна заврши меѓу Џони Деп и Амбер Херд и Анџелина Џоли и Бред Пит.

Списокот на клиенти што ги претставуваше од актерската А-листа е долг, меѓу другите, Ештон Качер, Хајди Клум, Рајан Рејнолдс, Кифер Сатерленд, Џенифер Гарнер, Гвен Стефани, Бритни Спирс, Кристина Агилера.

Kim Kardashian and husband Kanye West pay a late night visit to the Sang Bleu tattoo studio in Dalston, Hackney.
Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi