Мадона облече маица со ИМЕТО Бритни Спирс и и испрати порака за поддршка: Вратете и го животот на оваа жена

11 јули, 2021
Madona-i-Britni-Spirs

Нејзините зборови ќе се прераскажуваат уште долго време

Емотивната исповед на пејачката Бритни Спирс, која ја имаше на суд во јуни, трогна многумина.

Фановите и колегите постојано ја поддржуваат, а сега и „кралицата на попот“, Мадона, го стори истото.

Таа неодамна на својата страница на Инстаграм објави фотографија на која носи маица „Бритни Спирс“ и напиша зборови на поддршка.

– Вратете и го животот на оваа жена! Ропството е укинато одамна! Смрт за алчната патријаршија која им го прави ова на жените со години. Ова е кршење на човековите права. Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затворот – напиша Мадона.

Потоа објави друга фотографија на која пишуваше: „Ослободете ја Бритни“.

escort - Korsan taksi