Мадона во седмата деценија ги извади брадавиците за Вог, обожавателите маѓепсани: ‘Тие се уште се совршени!’ (ФОТО)

29 јуни, 2021
165263534_282343933270897_8782778256353273492_n-660x450

Во десет часот поп кралицата Мадона (62) со својот последен пост на Инстаграм собра скоро 160 илјади лајкови и ги фрли фановите во транс! И во седмата деценија од нејзиниот живот откри дека изгледа феноменално, а тоа го потврдуваат бројните коментари.

Имено, Мадона се соблече за Вог и откри дека во седмата деценија од нејзиниот живот има што да покаже. Откако ги сподели фотографиите, обожавателите почнаа да ја нарекуваат кралица, божица и беа маѓепсани од нејзиниот младешки изглед. „Ти си кралица на светот, те обожаваме“, и рекоа тие.

Мадона на Инстаграм објави фотографии во корсет без градник од снимањето за италијанскиот Вог. Таа на фотографиите има црвена перика и цигара во раката.

„Италијанците го прават тоа подобро“, напиша Мадона со објавата.

„Ќе биде тоа жешко издание“, „Те сакаме“, „Убава како и обично“, „Леле, сè уште си толку младолика“, „Тие се уште се совршени“, се само некои од пофалбите што Мадона ги доби на сметка на нејзините најнови изданија.

Бразилска кокосова вода одговорна за младоликоста?

Патем, пред повеќе од десет години, медиумите пишуваа дека бразилската вода од кокос е наводно тајната што се крие зад неверојатно убавиот изглед на славната пејачка.

Нејзиното тогашно момче Хесус Луз, наводно, било индиректно одговорно за нејзиниот често фален младешки изглед. Тој ја запознал со „детоксифицирачката“ вода Вита Коко, која е направена од кокос во Бразил и наводно има бројни позитивни ефекти врз здравјето. Меѓу другото, и оној за подмладување.

Мадона започнала да ја пие оваа вода од минатата година, додека била на турнејата „Леплива и слатка“ и оттогаш, каде и да оди, наводно носела со себе најмалку две шишиња од оваа вода. Исто така, со воодушевувањето ги зарази и своите колеги, па Деми Мур и Метју Меконахи исто така инвестираа во Вита Коко.