Мајката на Анџелина Џоли била дури и поубава од неа!

25 јуни, 2021
h_55530128-1024x576

Анџелина Џоли многумина ја сметаат за најубава жена на светот. Нејзиниот изглед често се нарекува „мачкест“, а нејзината насмевка е симбол на Холивуд. Сепак, многумина не знаат дека Анџелина Џоли многу потсетува на нејзината покојна мајка Марселин Бертран, од која ја наследи убавината, но и држењето на телото.

Да беше жива, Марселин годинава ќе наполнише 71 година. Мајката на Анџелина била и актерка, но кариерата ја запоставила поради семејството.

Кога имала 21 година, Марселин се омажи и го роди синот Џејмс и две години подоцна Анџелина. Таа сфати дека е многу тешко да се балансира филмската кариера и грижата за мали деца, па реши да му се посвети на семејството.

Сепак, бракот со Џон Војт не ѝ донесе среќа на младата актерка во тоа време. Открила дека тој ја изневерувал со кого стигнал, па затоа поднела барање за развод кога нејзиниот син имал пет години, а нејзината ќерка три години.

Кога имала скоро 52 години, се омажила за Том Бесамра, со кого живеела во среќен брак скоро седум години, сè додека смртта не ги разделила.

Марселин се бореше со рак скоро осум години, а по тешка борба почина во 2007 година од рак на јајчник.

Во 2008 година, Анџелина и Бред Пит ја добија ќерката Вивиен Марселин Џоли Пит, именувана по нејзината покојна баба.