Мајката на вдовицата на легендарниот кошаркар прави проблеми на неговата фамилија, излегоа на виделина бројни проблеми

31 март, 2021
Screenshot_57

Вдовицата на кошаркарската легенда Коби Брајант, 38-годишната Ванеса, се бори со сопствената мајка откако нејзиниот сопруг заедно со нивната ќерка Џана загинаа во трагична несреќа на хеликоптер на почетокот на минатата година.

Имено, мајката на Ванеса, Софија Лејн поднесе тужба против наследникот на Коби Брајант. Таа бара да биде поддржана финансиски до крајот на животот, бидејќи, како што тврди, популарниот кошаркар тоа и го ветувал дека додека е жив. Неговата вдовица сега бара од судот да ја отфрли тужбата.

Коби и Ванеса, според неа, биле на рочиштето кога требало да добие финансиска поддршка од нејзиниот поранешен сопруг и пред судот тие рекле дека ќе ја поддржат. Сега Ванеса го вели спротивното. Таа тврди дека таа и Коби ѝ помогнале на нејзината мајка, но никогаш не се обврзале дека ќе ја издржуваат доживотно.

Софија во извештајот истакнала дека нејзината ќерка и Коби го прекршиле законот на САД ангажирајќи ја како дадилка, но не и плаќајќи ја. Таа додаде дека немала пауза, но ниту топол оброк. Ванеса Брајант демантираше сè на крајот на минатата година. “Софија никогаш не била наша вработена. Таа е баба која понекогаш поминуваше време со своите внуци”, напиша тогаш Ванеса на Инстаграм.