Мајките ја искритикуваа: Клои Кардашијан откри како менува пелени и одржува хигиена и покрај огромните нокти

30 септември, 2021
328606_kloikardasijannokti_ff

Супер долгите нокти на Клои Кардашијан најчесто предизвикуваат конфузија, а откако стана мајка пред три години, многумина се прашуваат како ги менува пелените на ќерка си и, воопшто, како се грижела за неа.

Покрај тоа, неодамна повторно започна дебата за тоа каква е Клои како мајка и дали грижата за својата ќерка ја препуштила на дадилките со цел таа да го негува својот имиџ. Сега, за време на гостувањето во шоуто на Џејмс Корден, се појави и тоа прашање.

  • Живеам на ист начин како и сите други – истакнува Кардашијан. – Сите се толку фасцинирани од должината на моите нокти.

Водителката ја прашала како ги прави најобичните работи низ куќата, како што е отварање кесичка чипс или веќе споменатата промена на пелена.

  • Кога имате бебе, на почетокот навистина беше фасцинантно за луѓето – рекла Клои и објаснила дека по породувањето ги обликувала своите долги нокти во квадрат. – Како што се грижам за себе, можам да се грижам и за друга личност.

Клои, инаку, неодамна имаше мала војна со мајките кои ја следат на социјалните мрежи, токму поради должината на ноктите. Многумина коментираа дека има „маникир на жена која плаќа на другите да прават се во нејзиниот живот“ и се прашуваа дали некогаш ја повредила Тру со ноктите.

  • Целата оваа приказна за моите нокти е навистина тешка – напиша старлетата на Твитер. – Верувајте ми, одлично ми оди. Додека се грижам за себе, се грижам за моето бебе. Има многу посериозни работи за кои може да разговарате. Барем се надевам дека е така.
escort - Korsan taksi