МАКЕДОНИЈА СО ТАМАРА БЕШЕ ПОБЕДНИК СО ГЛАСАЊЕТО ОД ЖИРИТО, И ЗАВРШИ НА 7. МЕСТО НА ЕВРОВИЗИЈА 2019

16 март, 2021
tamara evrovizija

На 25 јануари 2019 г., МРТ објави дека Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Тел Авив, Израел. Претходно Тамара ја претставуваше Македонија заедно со Врчак и Адријан во 2008. во Белград, Србија со песната “Let Me Love You”, но не успеаа да земат учество во финалето. Тамара исто така настапуваше како придружен вокал за Тоше Проески со песната “Life” во 2004. во Истанбул, Турција и исто така за Тијана Дапчевиќ со песната “To the Sky” во 2014. во Копенхаген, Данска.

Премиерата на “Proud” заедно со видео записот е објавена на 8 март 2019, за време на вечерниот дневник на МРТ. Иако беше планирано песната да се објави на 4 март 2019, нејзиното објавување беше одложено за 8 март истата година со цел да се совпадне со Интернационалниот Ден на Жената – 8ми март, таква беше објавата на официјалниот Твитер профил на Македонската делегација за Евровизија. Песната е компонирана од Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Роберт Билбилов, а напишана од Коста Петров и Сања Поповска. Тамара Тодевска песната ја посвети на нејзината ќерка Хана и на сите кој се борат со своите соништа и кои веруваат во својата способност.

Иако претходно претставена како химна на феминизмот, Тамара рече дека “Proud” е песна за “сите оние на кои им е речено да ја наведнат главата, да ги следат правилата на околината” кои за неа, не важат во 21 век. Коста Петров, кој е ко-автор на песната со неговата сопруга Сања Поповска, изјави дека “Proud” e песна напишана за нивната ќерка и ќерката на Тамара Тодевска, но дека генерално песната е околу еднаквоста, ” Тоа е песна за се прифатиме такви какви што сме, да се сакаме самите себе и да веруваме во себе си. Песната е да бидеме горди на она што сме. Песната ја прославува женственоста и феминизмот, но се однесува и на мигрантите, ЛЏБТ заедницата, се однесува на секој кој се бори за еднаквост. Ова е песна за сите оние кои биле симнати долу затоа биле она што се”.

На 28 јануари 2019, беше одржана специјалната ждрепка која одредува која држава во кое полуфинале ќе настапува, а исто така и во која половина ќе настапува. Македонија го доби второто полуфинале и да настапува во втората половина на истото. Подоцна, Тамара Тодевска беше одлучено да настапува под реден број 17, пред последна во тоа полуфинале. Македонија беше прва објавена дека преминува во големото финале, пласирајќи се втора со 239 поени во полуфиналето, веднаш позади Холандија.

Во финалето, Тамара настапи осма по ред. После гласањето, таа всушност заврши на 8. место со 295 поени и второ место од жири гласаето и 12то место од гласовите на публиката. Но, на 22 мај 2019, од страна на EBU беше објавено дека за време на емитувањето во живо на финалето одржано на 18 мај 2019 не биле објавени точните гласови од Белоруското жири. Односно, на место да бидат објавени најдобрите 10 според Белоруското жири, биле објавени нивните најлошо 10 рангирани држави. Ова значеше дека Македонија, вусшност, е победник на жири- гласањето и заврши на 7. место (едно место повисоко) со 305 поени. Ова беше првиот Топ 10 пласман на Македонија од нејзиното прво појавување во 1998 година и најдобар резултат некогаш постигнат.

Преземено од muzika24.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi