Македонската пејачка надвор од дискреција: Елена Велевска топлес или погрешна перцепција? (ФОТО)

28 јуни, 2021
велеска

Летото на голема врата го најави своето доаѓање, со пеколни температури што тешко се поднесуваат ако не најдете начин да се разладите. Сите оние кои имаат можност ги користат благодетите на природата, било тоа да е море, езеро, река, планина, можеби да одат на базен или викендичка, за да минат еден ден, викенд или можеби цела седмица избегнувајќи ги горештините.

Естрадата конечно доби зелено светло да работи, но со оглед на тоа дека нивната работа воглавно се одвива во вечерните и ноќните часови, макдонските естрадни асови пеколните денови ги искористија за одмор и полнење на батериите.

Една од најголемите фолк ведети, пејачката Елена Велевска меѓу две работни обврски има потреба да се освежи и топлото време да го помине на вода…

Во црно мини бикини, фолкерката како заводлива сирена го располала сиот свој телесен раскош на белата софа среде базенот каде го минала денот, па така опуштена во неколку пози ја споделила својата убавина  со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Иако во описот на објаснила каде е сликана, на која локација, ниту пак  дали се работи за најнова или за стара фотографија, тоа како никому да не му е важно, зашто од она што го покажа, пејачката со еден друг детал на фотографијата ја запали и заинтригира јавноста.

Имено Елена ги собра „влажните машки погледи“ кои се фокусирани на горниот дел, во пределот на градите од оскудното бикини на македонската фолкерка од кое нешто ѕирка… Или поточно сосема излегло на виделина,  на прв поглед ставајќи ја пејачката надвор од дискреција… Дали тоа Елена Велевска  на сликата е „топлес“ или  позата е прашање на погрешна перцепција?

Гледано на прва, на фотографијата се чини дека пејачката навистина останала „топлес“?! Но, ако подобро се загледате и ја проанализирате фотографијата ќе видите дека можеби сосема поинаква е ситуацијата која предизвикува „забуна“ или поточно, „лажна узбуна“?!

За едни во прашање е игра на светлината и сенка од водените капки која паднала токму на  „незгодно место“ во горниот  дел на торзото на Велевска, што ја прави толку возбудлива целата прикаска, додека според други, вакавата теорија е само обично мајтапење, зашто јасно се гледа што излегло на виделина од под горниот дел на костимот за капење!?

Впрочем, никогаш не е на одмет малку дополнителна возбуда, особено не во ваква пригода… Та било во прашање она што е дар од мајката природа кај сексапилната фолк дама или само обична… „фатаморгана“?!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi