Македонскиот јутјубер Стефонатор низ солзи раскажа за најтешката животна борба: „Имам тумор на тестиси на 23 години, но со насмевка ќе поминам сè“

4 март, 2021
stefonator

Популарниот македонски јутјубер Стефан Рашковиќ, познат како Стефонатор, во своето последно 22-минутно видео ја откри вистината за својата најтешка животна борба која што моментално ја води.

Имено, младиот јутјубер во својата исповед вели дека на 23-годишна возрaст дознал дека има тумор на тестисите и дека потребна му е операција за закрепнување, но дека процесот на заздравување ќе биде долг и исцрпувачки.

Сепак ведриот Стефан, храбро застана пред објективот на својата камера и отворено ја раскажа својата животна приказна каде што покажа и многу емоции.

„Време е да зборуваме…“, ова се зборовите со кои младиот Стефан го започна своето видео за кое што вели дека му е едно од најважните кои што некогаш ги направил на својот Јутјуб канал.

„Летото 2020 година почувствував болка во тестисите. Бев на доктор, па ми препишаа антибиотик кој што помогна во намалување на болките. Но, неколку денови потоа почувствува нешто чудно. Повторно бев на лекар, па ми направија долготрајни испитувања, а денот 23 јули 2020 никогаш нема да го заборавам – дијагностициран ми беше тумор на тестисите“, вели Стефан.

Единствено решение за него е итна операција. Стефан, објави и фотографија по направената операција, под која напиша:

„Ова е сликата што им ја пратив на најблиските после првата операција. Вака насмеан ќе ја поминам и втората. Ќе пробам да вратам на што повеќе пораки, но ќе биде невозможно да вратам на сите. Затоа еве тука – фала ви. Ми значи секој збор. Уште само еден чекор. Ве сака Стефан“.

Стефан вели дека хемотерапијата која следела по операцијата најтешко ја издржал, поради тоа што имал неиздржливи болки, а имал и нагони на повраќање:

„Хемотерапиите се отрови, буквално отрови кои ги уништуваат сите лоши клетки во тебе“, вели младиот Стефан.

Стефан вели дека сето тоа е една голема животна лекција во која што учиш дека здравјето е најважното нешто во животот.

Погледнете го целото видео: