Македонските инфлуенсерки можат „вода да му носат“: Игор Џамбазов се пофали дека не само што е во нивно друштво, туку високо котира и е пред многу од познатите дами (ФОТО)

4 октомври, 2021
igor

Инфлуенсер, најновата професија без школо, без никакви квалификации… Доволно е да имаш мобилен телефон со добра камера, профил на Инстаграм и „сенс“ да го погодиш и споделиш моментот.

„Чувство за осет“ што би рекле, а откако ќе го набилдаш профилот со  илјадници следбеници, маркетингот е следниот чекор. Рекламирање познати или помалку познати брендови, од храна и пијалаци до козметика и разни други услуги, но и рекламирање на личните нешта… Како сопствените песни, видеа, фотографии… Широка лепеза со можност и за добра заработка.

Инстаграм за познатите и јавни македонски  фаци стана место за гратис маркетинг, а самите тие се како подвижен билборд! Се рекламира се’ и сешто: Од козметички производи, препарати и третмани, преку туристички патувања до сексуални помагала. Која што начекала да рекламира, каков спонзор закачила, а народот… Кому што му треба!

Лила Филиповска, Миа Костова, Марјана Станојковска,  Милена Антовска, Јелена Спенџарска, Ани – Црна мачка... но и некои од познатите и популарни пејачки како Тамара ТодевскаВикторија Лоба,  Мартија Станојковиќ или Антониа Гиговска, на пример се меѓу најпознатите домашни инфлуенсер(к)и.

Меѓу сите „инфлуенс ѕвезди“ и тој… Едeн од ретките домашни машки јавни и познати фаци. Иако со нјдолг стаж од сите претходни, сепак жените се некако повеќе како создадени за „новата професија без портфељ“, па затоа Игор Џамбазов е вистинско изненадување. Особено што меѓу сите овие дами дури и високо котира на листата на популарноста, што и самиот го потврди.

Имено Џамбазов сподели доказ, а каде на друго место, ако не на својот Инстаграм, каков му е рејтингот меѓу „конкуренцијата“ во светот на домашите инфлуенсери.  Меѓу останатите на неа се се сами познати имиња и тоа женски, а меѓу сите нив и неговото, на Игор Џамбазов на 9-тата позиција. Пред него лото Марјана, зад него пејачките Гиговска и Тамара.

„Ние, ѕверките, инфлуенсерките… Една до друга на табелата… од 8-мо до 11-то место“ – напишал во описот Игор,  кому барем според прикажаното многу од познатите „инфлуенсерки“ можат „вода да му носат“.

Игор Џамбазов се пофали дека не само што е во нивно друштво, туку високо котира и е пред многу од познатите дами и по некој фраер како на пример: Фитенес инструкторката Ана Стојанова која е 12-та, или пејачките Каролина Гочева и Викторија Лоба кои се 15-та и 16-та…

Или младата поп пејачка Мартија Станојковиќ која е 19-та и топ моделот Катарина Ивановска која е на 21-во место.

Потоа, Даниел Кајмакоски и Миа Костова кои се ден зад друг на 31-вата и 32-та позиција…

Или Жаре – „1 на 1“ кој е 39-ти, како и Дарко- Спејко кој е 43-ти…

Џамбазов е далеку подобар и од премиерот Зоран Заев кој со целата машинерија што работи за него, од центарот за комуникации на СДСМ, целиот ПР во владата, разни мрежи и свита од партиски ботови, преку куп портали и лажни профили, не стои баш најдобро со популарноста, па е едвај е на 23-тото место.

Се разбира, на првото место неприкосновена на инфлуенсерскиот трон, нејзиното „инфлуенс величество“… Инстаграм „кралицата“, Лила Филиповска!

Преземено од vistina.com.mk